Последна ревизија: 30 јуни 2020 година

Оваа политика за приватност на Herbalife Nutrition („Политиката“) се однесува на Herbalife International of America, Inc. и неговите подружници и сродни правни лица ширум светот коишто се потпираат на оваа Политика. Се однесува на сите информации што ги собира Herbalife преку своите онлајн платформи и мобилни апликации („локациите“) каде што е објавена оваа Политика за приватност. Некои веб-локации на Herbalife Nutrition исто така даваат врски до онлајн политики за приватност својствени за земјата, коишто може да содржат додатни информации и откривања поради локални побарувања. Исто така се однесува и на информациите што Herbalife Nutrition ги собира преку офлајн методи. Освен ако не е поинаку назначено, оваа Политика не се однесува на собирањето или користење информации од страна на независен дистрибутер на Herbalife Nutrition („дистрибутерот“ или „дистрибутерот на Herbalife“) добиени од дистрибутерот директно од вас или од извори што не се Herbalife Nutrition, освен ако потоа не се споделени со и задржани од Herbalife Nutrition.

Herbalife Nutrition го ограничува собирањето лични информации на тоа што е релевантно за целите на собирањето, без разлика дали директно или преку трети страни во наше име, и секогаш собираме лични информации со законски и праведни средства, доследно со властите надлежни за собирање лични информации.


1. Кои информации ги собира Herbalife Nutrition?

Herbalife Nutrition хувийн мэдээллийн цуглуулгыг түүний зорилгод хамаарах зүйлүүдээр шууд эсвэл бидний өмнөөс үйл ажиллагаа явуулдаг гуравдагч этгээдээр хязгаарладаг бөгөөд бид хувийн мэдээллийн цуглуулгыг харьяалах хуулийн эрх бүхий байгууллагад нийцүүлэн, хууль ёсны шударга арга хэрэгслийг ашиглан хувийн мэдээллийг цуглуулдаг.

Информации што директно ни ги давате

Во различни прилики, може да дадете информации директно на Herbalife Nutrition, како име и презиме, поштенска адреса, телефонски број, адреса за е-пошта, информации за кредитна картичка, банкарски информации и биографски информации (вклучувајќи, меѓу другото, датум на раѓање и брачен статус). На пример, може да ни дадете информации додека ги користите локациите или кога станувате дистрибутер на Herbalife или привилегиран член на Herbalife („привилегиран член“). Ако не ни ги дадете побараните информации, во некои случаи нема да можеме да ви ја овозможиме услугата што ја барате.

Ако ни откриете информации за друг поединец, од вас се бара да имате добиено соодветна согласност од тој поединец за откривање такви информации нам.

Информации за вашиот уред и користењето на локациите

Некои информации може да ги собираме автоматски, како адреси за интернет протокол (IP), вид прелистувач, давател на интернет услуги (ISP), страници за реферирање/излезни страници, оперативен систем, ознаки за датум/време, вашата активност на локацијата (вклучувајќи ги содржината што ја гледате на локацијата, движењата со глувчето, кликањата со глувчето, стискањата, влечењата, како и информациите што ги гледате), и/или податоци за патот на кликањата за цели како анализирање трендови, администрирање на локациите, подобрување на функцијата и содржината на локациите, како и спроведување на нашите Услови. Ние користиме стандардни интернет технологии, како колачиња, веб-ознаки, снимање сесија/сликање екран, и слични технологии за собирање на овие информации, како што е објаснето подолу во делот за колачиња.

Може да собираме и прецизни информации за вашата локација, како GPS координатите на вашиот мобилен уред, информации за мобилен предавател и/или WiFi сигнали. Herbalife Nutrition може да ги користи овие информации за да ви го приспособи искуството во врска со вашето користење на локациите, клубовите за исхрана, или други производи и услуги на Herbalife Nutrition. Ако не сакате Herbalife Nutrition да собира и да користи ваши конкретни геолокациски информации, можете да ги оневозможите одликите за локација на вашиот уред. Проверете ги поставките на производителот на вашиот уред за да видите како да го направите тоа.

Информации од извори од трети страни

Може да добиеме и додатни информации за вас од јавни и комерцијално достапни извори и други трети страни. И дистрибутерите може да споделуваат информации за вас со Herbalife Nutrition. Ако пристапувате до сервиси на трети страни, како Facebook, Google или Twitter преку локациите, за да се најавите на локациите или да споделувате информации за вашето искуство на локациите со други, може да собираме информации од тие сервиси на трети страни. Може да ги комбинираме сите информации што ги собираме и добиваме за вас, и онлајн и офлајн, и да ги користиме или да ги откриваме на начинот опишан во оваа Политика за приватност.

Може да ги добиваме следните видови лични информации за вас од нашите дистрибутери, зависно од тоа што одбирате да им дадете: име, информации за контакт, информации за плаќање, како и здравствени информации (вклучувајќи меѓу другото висина, тежина, индекс на телесна маса).

2. Како Herbalife Nutrition ги користи моите информации?


Ги користиме информациите што ги собираме од вас за разни намени, меѓу кои: ви обезбедуваме производи, услуги и поддршка што ги барате; ги обработуваме вашите трансакции и ги испраќаме вашите нарачки; комуницираме со вас за вашата сметка или трансакции, промени во нашите политики и други административни работи, или ваши прашања или коментари; за подобро да ги разбереме вашите интереси за да ви обезбедиме промотивни информации, релевантна содржина, анкети, прашалници и други материјали; ги подобруваме нашите производи, услуги и работење; и осигуруваме сообразност со политиките и правилата на нашето друштво и законот, или како што сметаме дека е потребно за да ги заштитиме, спроведеме или одбраниме законските права, приватноста, безбедноста или имотот што ни припаѓа нам или на други. Исто така ги користиме овие информации за да потврдиме продажби направени од дистрибутерите на Herbalife, да им помогнеме на дистрибутерите на Herbalife да бараат, комуницираат и да потврдуваат клиенти во нашите системи, како и за цели на сообразност на Herbalife Nutrition. Herbalife Nutrition или неговите овластени трети страни може да контактираат со вас директно користејќи разни методи за контакт опишани подолу.

Herbalife Nutrition може да ги користи овие информации и за да го поддржи работењето на привилегираните членови и дистрибутери, како и за да го одржи соодветното функционирање на планот за продажба и маркетинг на Herbalife. На пример, информациите во врска со привилегираните членови може да бидат искористени за поддршка, пресметка и следење на вашиот попуст на производи, како и за да ви се дадат информации за специјални промоции. Информациите во врска со дистрибутерите на Herbalife може да бидат искористени за поддршка, пресметка и следење на попусти, заработки и бонуси, за исплаќање и пријавување приход за даночни власти, за обезбедување обука, како и за осигурување сообразност со важечкиот закон и политиките, плановите и договорите на друштвото, вклучувајќи ги Апликацијата и Договорот за дистрибутери.

Може да ги задржиме вашите информации толку долго колку што е потребно: за да ви обезбедуваме услуги; да исполнуваме други легитимни деловни цели, како одржување на соодветното функционирање на планот за продажба и маркетинг; да ги исполниме законските обврски и обврските за сообразност; и да решаваме спорови и да ги спроведуваме нашите договори, вклучувајќи ги Договорите за дистрибутери.

3. Со кого Herbalife Nutrition ги споделува моите информации?


Соработници и партнери

Може да ги споделуваме сите лични информации опишани погоре во Делот 1 со нашите соработници (друштва што ги контролираат, се контролирани или се под заедничка контрола со Herbalife Nutrition), како и со одбрани партнери. Во примерите за тоа како овие правни лица може да ги користат важите информации спаѓаат правењето предвидувања за вашите интереси и давањето специјални понуди, промоции, рекламирање и други материјали за вас.

Добавувачи и даватели на услуги

Може да ги споделуваме сите лични информации опишани погоре во Делот 1 со добавувачи и даватели на услуги кои вршат функции во наше име. Во примерите за такви функции спаѓаат исполнување нарачки, испорачување пакети, административни функции за е-пошта, обработување исплати преку кредитна картичка, обезбедување грижа за корисници и истражување на пазарот. Добавувачите и давателите на услуги мораат да ракуваат со вашите лични информации во согласност со упатствата на Herbalife Nutrition и им е забрането да ги користат или откриваат вашите лични информации за некоја друга цел.

Независни дистрибутери на Herbalife

Ако сте дистрибутер, привилегиран член или клиент на Herbalife, може да споделиме ваши информации со други дистрибутери на Herbalife, вклучувајќи без ограничување и како дел од извештај за потекло што содржи информации (како име, информации за контакт, ниво или ранг, како и статистики за обем и продажба) на други дистрибутери и привилегирани членови од подолните нивоа од дистрибутер на Herbalife. (Организација од подолни нивоа се состои од сите дистрибутери и привилегирани членови кои лично биле спонзорирани од одреден дистрибутер, како и сите други лица спонзорирани од тие дистрибутери.) До степенот до којшто Извештајот за потеклото содржи податоци од лица надвор од Соединетите Држави, имаме преземено соодветни мерки за да ги заштитиме податоците во согласност со важечките закони. Извештаите за потекло им се даваат на дистрибутерите строго доверливо и исклучиво со цел да се поддржат дистрибутерите во понатамошниот развој на нивното делување за Herbalife Nutrition, вклучувајќи за употреба во маркетиншки алатки и платформи.

Може да ги споделиме вашите информации со дистрибутери за да ви понудиме и обезбедиме производи и услуги, а овие дистрибутери може понатаму да ги споделуваат вашите информации како што е опишано во нивните политики за приватност. На пример, ако користите некоја од нашите локации, како GoHerbalife.com и нашата локација за Weight Loss Challenge herbalifewlc.com),вашите информации може да бидат споделени со еден или повеќе дистрибутери што ги опслужуваат тие локации. Слично на тоа, ако учествувате во клуб за исхрана, може да ги споделуваме вашите информации со кои било од дистрибутерите кои раководат со клубот за исхрана. Може и да ги споделуваме вашите информации со дистрибутерите за да можат да ви овозможат поприспособено искуство, како препорачување производи и услуги што се најрелевантни за вас. Дистрибутерите на Herbalife кои ги добиваат вашите информации се врзани со условите на нивниот Договор за дистрибутери и одредбите за заштита на податоци што содржани во него. Некои од овие дистрибутери може да се базирани во земји што не го нудат истото или слично ниво на заштита на приватноста што е возможно во вашата земја.

Ако раководите со клуб за исхрана, може да ја споделиме локацијата на тој клуб со привилегирани членови, клиенти, како и други дистрибутери на Herbalife.

Откривања според закон и за сообразност

Може и да ги откриеме вашите информации: како што тоа го бара законот, за придржување до судска покана, судски процес или слична судска постапка, вклучувајќи откривање за овластени ревизори од трета страна; или кога со добра волја сметаме дека откривањето е потребно за да се заштитат нашите права, да се заштити вашата безбедност или безбедноста на други, да се истражи или спречи измама, или пак како одговор на владино барање.

Деловни транзиции

Може да ги споделиме вашите информации ако Herbalife Nutrition е дел од спојување, аквизиција, или продажба или пренос на имот, или во тешко веројатниот случај на банкрот.

Други страни со ваша согласност

Освен споделувањето опишано во оваа Политика за приватност, може и да споделуваме информации за вас со трети страни за која било цел што ви е откриена вам во времето кога ги собираме информациите или согласно вашата согласност или насоки.

4. Како Herbalife Nutrition ќе комуницира со мене?


Herbalife Nutrition може да комуницира со вас преку е-пошта, редовна пошта, телефон, СМС-порака, или кое било друго средство на редовна база за да обезбеди барани производи и услуги и/или во врска со прашања поврзани со вашето делување за Herbalife (ако сте дистрибутер). За да се потврдат продажби за клиенти, Herbalife Nutrition може да комуницира со вас преку е-пошта, редовна пошта, телефон, СМС-порака, или кое било друго средство на редовна база (ако сте клиент).

Освен тоа, може да добивате периодични информации за деловните активности, производи, услуги, специјални зделки на Herbalife Nutrition, како и за Фондацијата Herbalife Family преку разни средства за комуникација како што е опишано погоре. Дистрибутерите и привилегираните членови на Herbalife може да управуваат со одредени комуникации во рамките на нивниот центар за претплата MyHerbalife. Освен тоа, може да управувате со овие комуникации преку следење на упатствата дадени во комуникацијата или преку контактирање со нас на 866-866-4744.

5. Дали моите лични информации се безбедни?


Преземаме разумни чекори за да се осигуриме дека личните информации за вас што ги собираме остануваат точни, навремени и безбедни. За жал, за ниеден пренос на податоци преку интернет не може да се гарантира дека е 100 % безбеден, па иако се стремиме да ги заштитиме вашите лични информации, не можеме да гарантираме целосна нивна безбедност.

6. Како можам да пристапам до моите информации или да ги коригирам?


Herbalife Nutrition ја почитува вашата контрола над вашите информации. Во некои ситуации, можете да посетите една или повеќе од нашите локации за да проверите или ажурирате одредени информации (на пример, информација за сметката на одреден дистрибутер и привилегиран член на MyHerbalife). По барање, ќе потврдиме дали чуваме или обработуваме информации што сме ги собрале од вас. Имате право да менувате или ажурирате неточни или нецелосни лични информации, да побарате бришење на вашите лични информации, или да побарате веќе да не ги користите. Во одредени околности нема да можеме да го исполниме вашето барање, како кога тоа се коси со нашите регулаторни обврски, влијае на правни работи, не можеме да го потврдиме вашиот идентитет, или пак подразбира непропорционален трошок или напор, но во секој случај ќе одговориме на вашето барање во разумна временска рамка и ќе ви дадеме објаснување. Нашето вообичаено време за одговор на барања е 30 дена. За да правите барања за личните информации, ве молиме да контактирате со нас онлајн или офлајн, користејќи ги информациите дадени подолу.

7. Меѓународни префрлања.


Локациите се со седиште во Соединетите Држави. Ве молиме, имајте на ум дека информациите што ни ги давате или што ги добиваме како резултат од вашето користење на локациите, може да се собираат во вашата земја и потоа да се префрлаат во друга земја во согласност со важечките закони. Користењето на локациите претставува ваша согласност за обработката на информациите како што е опишано во оваа Политика.

8. Информации за деца.


Локациите се веб-локации за општа публика чија цел не се деца помлади од 13 години. Свесно не собираме, користиме или шириме никакви лични информации од деца помлади од 13 години, освен ако тоа не е дозволено со закон. Ако сметате дека можеби сме собрале лични информации од вашето дете на локациите, ве молиме да контактирате со нас на privacy@herbalife.com и ќе направиме разумни напори да ги избришеме од нашите записи, кога тоа го бара законот.

9. Колачиња и следење.


Herbalife Nutrition, како и одредени трети страни што обезбедуваат содржина и друга функционалност на нашите локации, користат колачиња, веб-ознаки, снимање сесија/сликање екран и слични технологии за разни цели, меѓу кои анализирање трендови, администрирање на веб-локацијата, следење на движењето на корисниците низ локациите и собирање демографски информации за нашата база на корисници како целина.

Колачињата се мали парчиња од информации што се чуваат на компјутерски тврди дискови. Колачето му овозможува на правното лице што го ставило колачето на вашиот уред да го препознава истиот на различни веб-локации, сервиси, уреди и сесии на прелистување. На пример, може да користиме колачиња за да ве препознаеме кога ќе се вратите на локациите за да ви обезбедиме подобро корисничко искуство. Може да им дозволиме на трети страни да користат колачиња на локациите, но ние не го контролираме користењето или содржините на колачињата од трети страни. Веб-прелистувачите често ви дозволуваат да го конфигурирате прелистувачот да ги прифаќа сите колачиња, да ги одбива сите колачиња или да ве известува кога е пратено колаче. Ако одберете да одбивате колачиња, имајте предвид дека можеби нема да можете целосно да ги искористите одликите и функциите на локациите. За да дознаете повеќе за колачињата и како да управувате со нив, ве молиме одете на http://www.allaboutcookies.org/.

Веб-ознаките и сличните технологии се мали парчиња код, коишто се вградени во веб-страниците, рекламите и е-пораките, коишто комуницираат со трети страни. Ние користиме веб-ознаки, на пример за броење на бројот на корисници кои посетиле конкретна веб-страница, за испорачување или комуницирање со колачињата, како и за разбирање шаблони на употреба. Може да вклучиме веб-ознаки во е-пораки за да разбереме дали пораките биле отворени, одговорени или препратени.

Има и други технологии за локално складирање и интернет, како локално споделени објекти (наведени и како „Flash-колачиња“), HTML5 локално складирање и скрипти за вметнување, кои функционираат слично како гореспоменатите колачиња. Имајте предвид дека овие технологии се различни од колачињата, и можеби нема да можете да ги контролирате со помош на стандардни алатки и поставки на прелистувачот. За информации за управување со Flash-колачињата, кликнете на www.adobe.com/privacy.html. За да дознаете повеќе за аналитиката на Adobe и за откажување, кликнете на www.adobe.com/privacy.html.

Може да користиме технологија за Bluetooth ознака за да го подобриме искуството на клубот за исхрана. Мобилните уреди со вклучен Bluetooth можат да добиваат сигнал кога се во досег на некоја ознака. Сигналите нема да бидат примени ако корисникот не го вклучил Bluetooth, ако не инсталирал мобилна апликација Herbalife Nutrition и ако не овозможил насочени известувања. Функционалноста на ознаката може да дозволува известувања, пријавувања на корисникот и плаќања. Можете да ја оневозможите функционалноста на ознаката во поставките на апликацијата.

10. Не следи.


Веб-прелистувачите може да ви дозволуваат да праќате барања „Не следи“. Моментално не преземаме мерки за сигнали „Не следи“ поради тоа што нема моментален стандард во индустријата во врска со тоа што веб-локациите треба да прават кога примаат такви сигнали и дали треба воопшто да прават нешто. Продолжуваме да ги прегледуваме новите технологии и може да усвоиме некој стандард доколку и кога таков ќе биде создаден.

11. Онлајн рекламирање.


Може да прикажуваме реклами на нашата веб-локација и да се здружиме со трети страни за управување со рекламирањето на други веб-локации за наши производи или услуги. Може и да се здружиме со трети страни, вклучувајќи деловни партнери, рекламни мрежи и други даватели на рекламни услуги, кои собираат информации за вас на нашите локации и други локации за да ви овозможат рекламирање на локациите и на други места на интернет врз основа на вашата историја на прелистување и приспособени на вашите интереси, претпочитувања и карактеристики. Колачиња или други слични технологии може да бидат користени за да ви овозможиме рекламирање засновано врз вашите активности и интереси при прелистувањето. Ние не одговараме за практиките за приватност на овие трети страни, а практиките за информации на овие трети страни не се покриени со оваа Политика.

Некои трети страни собираат информации за корисниците на нашите локации за да овозможат рекламирање врз основа на интереси на нашите локации и на други места, вклучително и преку прелистувачи и уреди. Овие трети страни може да ги користат информациите што ги собираат на нашите локации за да прават предвидувања за вашите интереси за да ви овозможат реклами (од нас и други друштва) ширум интернетот. Некои од овие трети страни може да учествуваат во програми развиени од индустријата осмислени за да им дадат на потрошувачите избор за тоа дали да добиваат целно рекламирање. Поради разликите меѓу користењето апликации и веб-локации на мобилните уреди, можеби ќе треба да преземете дополнителни чекори за да оневозможите технологии за целно рекламирање во мобилните апликации. Многу мобилни уреди ви овозможуваат да се откажете од целното рекламирање за мобилни апликации преку поставките на мобилната апликација на вашиот мобилен уред. За повеќе информации, проверете ги вашите мобилни поставки. Можете и да деинсталирате наши апликации преку стандардниот процес за деинсталирање достапен на вашиот мобилен уред или на пазарот за апликации.

За да се откажете од рекламирање врз основа на интереси преку прелистувачите и уредите од друштвата што учествуваат во програмите за откажување на Алијансата за дигитално рекламирање или Иницијативата за мрежно рекламирање, посетете ги веб-локациите раководени од Иницијативата за мрежно рекламирање (//www.networkadvertising.org/choices/) и Алијансата за дигитално рекламирање (//www.aboutads.info/choices/). Можеби ќе можете да се откажете од рекламирање врз основа на интереси преку поставките на мобилната апликација или на вашиот мобилен уред, но изборот за откажување може да се однесува само на прелистувачот или уредот што го користите кога се откажувате, па затоа треба да се откажете на сите ваши прелистувачи и уреди ако сакате да го оневозможите сето поврзување преку повеќе уреди за рекламирање врз основа на интереси. Подетални информации на локални јазици може да се најдат на www.youronlinechoices.com/ Имајте предвид дека дури и да искористите индустриски базирано откажување за рекламирање врз основа на интереси, и понатаму ќе добивате општо рекламирање, а вашето искуство на нашите локации може да биде влошено.

12. Онлајн форуми.


Локациите може да нудат јавно достапни форуми за заедницата. Треба да имате на ум дека сите информации што ги давате на овие места се јавни и може да бидат прочитани, собирани и користени од другите кои пристапуваат до нив. За да побарате отстранување на вашите лични информации од овие форуми, пратете ни е-порака на privacy@herbalife.com Во некои случаи, можно е да не можеме да ги отстраниме вашите лични информации.

13. Врски до трети страни.


Локациите може да содржат врски до веб-локации раководени и одржувани од трети страни над коишто ние немаме контрола. Сите информации што ќе ги дадете на веб-локации од трети страни ќе подлежат на условите на политиката за приватност на секоја веб-локација и ве советуваме да ги испитате таквите политики пред да им откриете информации на раководителите на веб-локации од трети страни. Ние не преземаме одговорност ниту задолженија за содржината, дејствата или политиките на веб-локациите од трети страни. Вклучувањето на врски до веб-локации од трети страни на нашите локации во никој случај не претставува поддршка за содржината, дејствата или политиките на таквите веб-локации.

14. Гуравдагч талын үйл ажиллагаа.


Дел од функционалноста на локациите може да биде овозможена од трети страни што не се поврзани со Herbalife. Тие правни лица може да собираат или добиваат одредени информации за вашето користење на локациите, вклучително преку колачиња, веб-ознаки и слични технологии. Herbalife не одговара за практиките за приватност на тие правни лица.

Ако пристапувате до сервиси на трети страни, како Facebook, Google или Twitter преку локациите, за да се најавите на локациите или да споделувате информации за вашето искуство на локациите со други, овие трети страни можеби ќе можат да собираат информации за вас, вклучувајќи информации за вашата активност на локацијата, и може да ги известуваат вашите конекции на сервисите од третите страни за вашето користење на локацијата, во согласност со нивните политики за приватност.

15. Измени на оваа Политика.


Оваа Политика за приватност последен пат е ажурирана на датумот наведен на почетокот од оваа Политика. Herbalife Nutrition го задржува правото да ја менува оваа Политика за приватност во секое време. Ако планираме да направиме некакви суштински промени, ќе ве известиме преку известување на оваа страница пред промената да стапи во сила. Вашето следствено користење на локациите ќе се смета за прифаќање на таквите промени. Гледајте периодично да ја прегледувате оваа Политика за приватност за да се уверите дека сте запознаени со нејзината актуелна верзија. Со користењето на локациите по објавувањето на промените на оваа Политика за приватност, се согласувате на сите такви промени.

16. Што ако имам прашања?


Herbalife Nutrition многу сериозно ги сфаќа прашањата за приватноста. Ако имате прашања или коментари, можете да контактирате со нас на: 800 West Olympic Blvd., Suite 406, Los Angeles, California 90015 (Attn: Privacy Dept.), privacy@herbalife.com, 866-866-4744.